Шарена пунч торта
По повод мојот 100ти рецепт решив да ја подготвам оваа торта. Чест ми е да се дружам со толку искусни домакинки, многу работи научив од вас, а и уште ќе учам...
кора бр 1.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, 1 пудинг од ванила, 1 кесичка ванила се меша убаво и се пече.
кора бр 2.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, прашок за сок на растарање од малина се меша убаво и се пече.
Кора бр 3.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, 1 пудниг од чоколадо, чоколадото во прав се меша убаво и се пече.
Корите ги оставаме да се изладат и потоа се сечат на кругови.
Шеќерот, водата и кората од лимон ги ставаме да провријат, го тргаме од оган да се излади, кога е ладно се додава румот и се меша.
Се става првата кора со шарени кори, се натопува со шербетот и се премачкува со пола од мармаладот, потоа се става втората кора со шарени кори, се натопува пак со шербет, па се премачкува со остатокот од мармаладот, на крај се става третата кора од шарени кори се потопува со шербет и се остава еден час да омекне.
Чоколадото водата и шеќерот се топат и се прелива преку цела торта.
Се надевам дека ке ви се допадне овој рецепт.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу весела торта, за многу весел момент :)
Честитки на твоите 100 рецепти!
Мора да признаеме дека го видовме потенцијалот на твоите рецепти - дури и кога тоа не се гледаше од фотографиите :)
Но, со заеднички труд, успеавме да стигнеме до посакуваното ниво, а се надеваме на уште многу повисоко.
Ти благодариме и ти подаруваме Делимано Фантазија Сет 5 силиконски калапи.
Тимот на МоиРецепти
Tortava vkusno i veselo izgleda :)) cestitki za RD:)