Шарена солена торта
Секое тесто се спрема започнувајќи со матењето на јајцата малку подолго време до кремаста структура. Потоа се додаваат јогуртот и маслото, па се вмешуваат брашното со прашокот за пециво и останатите додатоци.
Секоја кора се истура врз намастена пек хартија во тава со големина 25х35, во мојот случај беше Ростерот на Делимано и се печи на 190 степени околу 10-15 мин., односно додека благо не фати кора на површината и благо не потемни.
Секоја кора се сечи на 2 дела.
Сирењето, изрендано или изгмечено се меша со 400 мл павлака и мајонезот и се дели на 2 дела.
Филовање
Зелена кора-половина од едниот дел од филот-парчиња убаво исцедено цвекло, па над нив останатиот фил од едната половина-другата зелена кора-125 мл кисела павлака-ренданата шунка-125 мл павлака-црвена кора-половина од другиот дел на филот-грашакот-останатата половина од филот и на крај најгоре црвената кора.
Доколку не мислите целата торта да ја принесувате на софра, поради шаренилото на парчињата нема потреба од филовање.
Совет
Конзервираниот грашак и цвекло можи да се заменат со свежи, варени. А кога се работи за цвеклото ви препорачувам варено свежо, поради спојот на киселината со павлаката или пак добро да го исплакните и исушите пред ставање.
* Рецептот е авторски.
Лиценца: Сите права се задржани
Ova kaj mene doma ne proaga, ama da go gledam me voodusevuva :))
Ubav pomin za praznikot.
------HRISTOS VOSHRESE------
Лили-кога го праќав рецептот, на тебе помислив и тивко си се смешкав :)))
Дани, цвеклото замени го со црвена пиперка или било што ;) тортата има подлога се уште да биди шарена ;)
Честитки за РД