Испечати

Шарена солена торта

Шарена солена торта

Состојки

  • * За зелен паднишпан
  • 3 јајца
  • помалку од 1/2 лажиче вегета
  • 1/2 пак. прашок за пециво
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици јогурт
  • 7 лажици брашно
  • 4 лажици обарен спанаќ
  • * За црвен паднишпан
  • 3 јајца
  • 3 лажици ајвар
  • 1/2 пак. прашок за пециво
  • 4 лажици масло
  • 6 лажици јогурт
  • 5 лажици брашно
  • * За фил
  • 400+250 мл кисела павлака
  • 120 гр сирење
  • 2 лажици мајонез
  • * Уште
  • 200 гр рендана шунка
  • конзервирано цвекло
  • конзервиран грашак

Подготовка

Секое тесто се спрема започнувајќи со матењето на јајцата малку подолго време до кремаста структура. Потоа се додаваат јогуртот и маслото, па се вмешуваат брашното со прашокот за пециво и останатите додатоци.
Секоја кора се истура врз намастена пек хартија во тава со големина 25х35, во мојот случај беше Ростерот на Делимано и се печи на 190 степени околу 10-15 мин., односно додека благо не фати кора на површината и благо не потемни.
Секоја кора се сечи на 2 дела.
Сирењето, изрендано или изгмечено се меша со 400 мл павлака и мајонезот и се дели на 2 дела.

Филовање
Зелена кора-половина од едниот дел од филот-парчиња убаво исцедено цвекло, па над нив останатиот фил од едната половина-другата зелена кора-125 мл кисела павлака-ренданата шунка-125 мл павлака-црвена кора-половина од другиот дел на филот-грашакот-останатата половина од филот и на крај најгоре црвената кора.
Доколку не мислите целата торта да ја принесувате на софра, поради шаренилото на парчињата нема потреба од филовање.

Совет
Конзервираниот грашак и цвекло можи да се заменат со свежи, варени. А кога се работи за цвеклото ви препорачувам варено свежо, поради спојот на киселината со павлаката или пак добро да го исплакните и исушите пред ставање.
* Рецептот е авторски.