За секоја кора посебно потребно е 3 јајца,3 лажици брашно, 3 лажици шекер и едно пециво.
Пенасто ги матиме јајцата, па го додаваме шекерот, брашното и прашакот за пециво. Потоа во зависност од кората додаваме во жолтиот бисквит пудинг од ванила, во црвениот пудинг од малина и екстракт од малина, а во кафениот пудинг од чоколада и какао. Секоја кора ја печеме посебно околу 20-на минути. Откако ќе се изпечат ги ладиме корите. Потоа ги сечеме корите како на сликата.

Претходно го подготвуваме шербетот ( 500 гр, шекер, 350 мл вода и откако ке се свари го додаваме и румот )
На чинија започнуваме да ја сложуваме тортата и го правиме првиот дел од трите шарени панишпани, па налеваме од шербетот и премачкуваме со мармалад. Тоа го правиме и со другите да дела, само внимаваме да не се исти деловите еден под друг. Тортата ја оставаме во фрижидер до наредниот ден и потоа ја правиме глазурата.
На оган ја топиме чоколадата и маргаринот, а јајцата ги матиме со миксер, па ја додаваме изладената истопена чоколада, и матиме додека не добиеме пенаста маса, па ја премачкуваме целата торта и декорираме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови