Испечати

Шарена торта

Шарена торта

Состојки

  • 9 јајца
  • 9 лажици брашно
  • 9лажици шекер
  • 1 пудинг од ванила ( бела кора)
  • 1 кесичка ванилин шекер
  • 1 пудинг од јагода( црвена кора)
  • 3-4 капки екстракт од јагода, или малина
  • 1 пудинг од чоколада (кафена кора)
  • 2-3 лажици какао
  • 500 гр мармалад по желба- за премачкување
  • 500 гр шекер ( за шербет)
  • 350 мл вода ( за шербет)
  • 50-100 мл рум (за шербет)
  • 100 гр чоколада за готвење (чоколадна глазура)
  • 2 јајца ( чоколадна глазура)
  • 250 гр маргарин (чоколадна глазура)
  • 3 кесички пециво за корите

Подготовка

За секоја кора посебно потребно е 3 јајца,3 лажици брашно, 3 лажици шекер и едно пециво.
Пенасто ги матиме јајцата, па го додаваме шекерот, брашното и прашакот за пециво. Потоа во зависност од кората додаваме во жолтиот бисквит пудинг од ванила, во црвениот пудинг од малина и екстракт од малина, а во кафениот пудинг од чоколада и какао. Секоја кора ја печеме посебно околу 20-на минути. Откако ќе се изпечат ги ладиме корите. Потоа ги сечеме корите како на сликата.

Претходно го подготвуваме шербетот ( 500 гр, шекер, 350 мл вода и откако ке се свари го додаваме и румот )
На чинија започнуваме да ја сложуваме тортата и го правиме првиот дел од трите шарени панишпани, па налеваме од шербетот и премачкуваме со мармалад. Тоа го правиме и со другите да дела, само внимаваме да не се исти деловите еден под друг. Тортата ја оставаме во фрижидер до наредниот ден и потоа ја правиме глазурата.
На оган ја топиме чоколадата и маргаринот, а јајцата ги матиме со миксер, па ја додаваме изладената истопена чоколада, и матиме додека не добиеме пенаста маса, па ја премачкуваме целата торта и декорираме по желба.