Подготовка на кафеавиот пандишпан
Во еден сад се ставаат јајцата, шеќерот, ванилата и се матат со миксер додека се добие светла кремаста смеса. Се додава маслото и повторно малку се изматува.
На крај се додаваат брашното, какаото, пецивото и се мешаат со жица да се изедначат.
Сега се подготвува и жолтиот пандишпан
Во друг сад се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата и се матат додека се добие светла кремаста смеса. Се додава маслото и повторно малку се изматува. Се додава брашното, пецивото и се мешаат со жица да се изедначат.
Плехот се мачка со путер и се набрашнува или се става хартија за печење. Се истура кафеавата смеса, се рамни и се става да се печи во загреана рерна на 200 степени околу 8-9 минути потоа се вади од рерна се става жолтата смеса, се рамни и се допекува уште 8-9 минути.
Печениот пандишпан се остава да олади и се подготвува филот.

Во еден сад се ставаат јајцата и шеќерот и се матат со миксер. Потоа се ставаат да се варат на пареа околу 10-15 минути, се додава чоколадата искршена на коцки и се меша додека целата се стопи и се изеднаци со јајцата.
Се трга на страна и се остава да олади.
Путерот се мати со шеќерот во прав, се додава изладената смеса од јајца и чоколада се мати и на крај се додава нутелата и убаво се до изматува да се изедначи. Во филот по желба можите да ставите и мелени лешници, ореви, рум и сл.
Пандишпанот се сечи на три ленти. Секоја лента се прска со млекото и се филова со филот. Одозгора се украсува со матена слатка павлака или по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани