Шарена пунч торта
Состојки
- За кора 1, 2, 3
- 9 јајца
- 9 супени лажици шеќер
- 3 пециво
- 9 супени лажици брашно
- 1 пудинг од ванила
- 1 ванила
- 1 пудинг од чоколадо
- 1 прашок за инстант сок од малина
- 2 лажици инстант чоколадо
- За шербет
- 600гр шеќер
- 1 кафено лажиче кора од лимон
- 300 гр вода
- 100 гр рум
- За глазура
- 100 гр чоколадо
- 60 гр шеќер
- 70 гр вода
- 700 гр мармалад од кајсија
Подготовка
По повод мојот 100ти рецепт решив да ја подготвам оваа торта. Чест ми е да се дружам со толку искусни домакинки, многу работи научив од вас, а и уште ќе учам...
кора бр 1.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, 1 пудинг од ванила, 1 кесичка ванила се меша убаво и се пече.
кора бр 2.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, прашок за сок на растарање од малина се меша убаво и се пече.
Кора бр 3.
3 јајца се матат пенесто со 3 лажици шеќер, потоа се додава 3 супени лажици брашно, 1 пециво, 1 пудниг од чоколадо, чоколадото во прав се меша убаво и се пече.
Корите ги оставаме да се изладат и потоа се сечат на кругови.
Шеќерот, водата и кората од лимон ги ставаме да провријат, го тргаме од оган да се излади, кога е ладно се додава румот и се меша.
Се става првата кора со шарени кори, се натопува со шербетот и се премачкува со пола од мармаладот, потоа се става втората кора со шарени кори, се натопува пак со шербет, па се премачкува со остатокот од мармаладот, на крај се става третата кора од шарени кори се потопува со шербет и се остава еден час да омекне.
Чоколадото водата и шеќерот се топат и се прелива преку цела торта.
Се надевам дека ке ви се допадне овој рецепт.
На здравје !!!