Печени тулумби
Рецептов за тулумби е уште од моето детство, кога како тинејџерки со другарка ми збиравме рецепти и ги правевме заедно, а често пати и секоја сама по дома. Така, овие тулумби се еден од тогашните често успешно правени сладурии на кои јас особено си бев горда=)
Знам дека овде има веќе поставено ваков рецепт и од Дани и од Надица, но ќе ми е мило ако можи да ја споделам со вас и мојата верзија.
Во тенџере на оган ставете ги водата и маслото да зовријат. Додадете го брашното и енергично мешајте додека убаво се згусти, собери.
Тргнете го садот од оган и оставете смесата да олади.
Потоа, едно по едно додавајте ги јајцата и матете со миксер.
Наполнете го шприцот за тулумби и истиснувајте форми врз намастен плех.
Печете ги првите 10 мин на 190 степени, па потоа некои 20на мин. намалете на 165. Доколку сметате да има потреба, оставете ги уште 5-7 мин повеќе. Всушност ние ги сакаме попечени, но поради презентацијата јас не ги оставив такви=)
Сварете го шербетот. Кога ќе проврие, оставете да врие уште 5-7 минути. Тргнете го од оган и по 10 минути секоја тулумба макајте ја во него околу пол аминута од сите страни да упие и одлагајте ги во плех. Останатиот шербет повторно ставете го на оган, да врие уште некои 3-4 минути и потоа со него потурете врз сите тулумби по малку.
Во рок од еден час 2 пати превртете ги и повеќе не треба чекање, веќе се спремни за конзумација.
Лиценца: Сите права се задржани
Фала Мими! :)
Кларичка и твоите ми се допаѓаат многу :)
спремани за лепо друштво дупла доза :)