Печени тулумби
Водата, зејтинот и сол се става да зоврие. Одкако ќе зоврие се додава брашното и се меша околу 30сек-1мин додека се направи топка или додека се собере тестото околу лажицата. Се трга да се олади и во оладената смеса се додаваат јајцата едно по едно. Значи едно јајце и над него еден прстофат пециво и се меси или мати со миксер и така се додека се потрошат јајцата. Смесата се сипе во шприц и се редат тулумби во плех на хартија. Се печат исто како еклери без отварање на рерна околу 15мин на 220 степени
шербетот се вари околу 5минути и се остава да се олади.
Тулумбите уште врели се ставаат во млакиот шербет се превртуваат и се редат во плех. Одкако сите тулумби ќе се натопат останатиот шербет се истура врз сите тулумби. Од оваа доза излегуваат околу три плеха од шпорет затоа што при печењето се ставаат на поголемо растојание затоа што многу растат и треба да добијат убава црвена боја-убаво да се испечат
Без досадно пржење, без многу зејтин добиваме тулумби кои се исто вкусни како пржените
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
моите ќе добијат наредба да го предадат во владение семејниот шприц за тулумби :) :) :) :)
Еве јавно кажувам дека повеќе нема да купам тулумби,ќе си правам вакви )))))))
milica-ovie ti se mnogu poekonomicni a ne baraat mnogu trud
aleksovska neka odi i na proba ne samo na stampanje zasluzuva posebno ako ste ljubiteli na tulumbi
pozz za site i fala vi na ubavite komentari
Eve i margaritce veke gi probala i kaj nea se super izlezeni:)))
Маргарет-браво за брзината на испробување:), се надевам дека си задоволна, бидејќи јас веќе од многу одамна ги знаам, ми биле меѓу првите самостојно испробани рецепти - како што кажав и погоре, лично си ги сметам дури и полесни и повкусни за јадење.
Е, сега двете дајте по една барем да лапниме ;)
posledniot pat koga gi napraviv tulumbive gi ostaviv vo spalna vrz ormanot za postelina i koga doaga vreme za spienje legnuvam na pernica i nesto me grebe,nesto kako stirak.Palam svetlo i sto ce vidam-jastukot cel ustirkan od serbet a toa mojata najmala cerkicka kako sto zemala tulumbi nabrzinka i kradeskum( zatoa sto malku ja karame oti e bucko)serbetot i cedel po jastukot i ete se izleze na videlina.POgolemi ili pomali kaj mene nikogas ne se dovolni
Затоа тука ти честитам среќни новогодишни и божиќни празници
Љубица
Srekni praznici i na tebe i tvoite i se najubavo:):):)
не знам кај може да ми била грешката. убаво по ред правев. џитни јајце, посоли пециво, мешај....
ги печев во загреана рерна во делимано ростерот.
ќе чекам совет и ќе ги правам пак кога ќе имам време :)
а и како што можеш да видиш, не ми излегуваа мазни од шприцот. се мислев да не не сум го месела тестото убаво, па да се прави така, м? :)
важно вкусни беа, не мора да се лични како мене. па не може се' во оваа куќа да е убаво, ќе се умориме од убавинава веќе :) :) :) :)
Sekako fala ti sto go proba rec,ete i margarit4e gi imase praveno i zadovolna bese i sega bas gi gledav malata mi dosadi za tulumbi pa da i napravam.pozz