Брзи Печени Тулумби
Вообичаено тулумбите се приготвуваат со пржење, но по препорака на една моја пријателка решив да ги испробам и на овој начин, кој е побрз, а притоа вкусот им е скоро идентичен.
Подготовка на шербетот
1. Во тенџере ги ставаме водата, шеќерот и ванилите. Нека зоврие, па оставаме да врие уште 6-7 минути.
2. Ги додаваме кругчињата лимон и го тргаме шербетот настрана. Го префрламе во друг сад и го оставаме да олади (млак).
Подготовка на тестото
1. Во тенџере ги ставаме водата и маслото, нека зовријат, па ги додаваме претходно соединети брашното и пецивото. Мешаме без престан со дрвена лажица, додека убаво да се оформи смесата. Тргаме настрана, префрламе во друг сад и мешаме да олади. Откако ќе олади, ги додаваме јајцата (едно по едно) и миксираме до добивање на мазна глатка смеса.
2. Добиената смеса ја ставаме во шприц за тулумби.
3. Во плехот ставаме хартија за печење, и врз хартијата ги истиснуваме тулумбите во големина по желба (јас ги правев помали) и отсекуваме со ножичка.
4. Печеме веднаш во загреана рерна на 180 степени до заруменување (јас печев околу 40-на минути). Додека се печат, вратата на рерната не се отвара.
5. Испечените жешки тулумби веднаш ги ставаме во изладениот шербет да постојат околу 5 минути, па ги тргаме во соодветен сад.
6. Преостанатиот шербет го додаваме над тулумбите и ги оставаме на ладно место да одстојат преку ноќ, покриени со стреч фолија. Во меѓувреме ги превртуваме нек. пати за подобро да го упијат шербетот.
Забелешка - Од оваа доза мене ми испаднаа 2 плеха (48 тулумби) со големина како на сликите.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
I mn gi sakam
Ke gi probam i ovie
Dali jajcata se L ili M golemina?