Поинакви мекици - како тулумби (посно)
Од мекици никогаш доста. Особено ако најдете начин да ги направите покрцкави, е тогаш...нема излегување од дома два месеци додека не се ослабе =))
Во длабок сад ставете ги сувите состојки и убаво измешајте ги. Додадете ја водата и квасецот и мешајте додека да добиете еднолична смеса. Смесата не треба да е многу течна, како за палачинки, туку треба да е мека и леплива.
Оставете ја да стаса 30ина мин.
Маслото за пржење загрејте го убаво. Јас пржев на тројка од шест.
Наполнете го шрицот за тулумби и кога е врело маслото ставете мекичиња во него. Големината е по желба.
Убаво испржете ги во длабоко масло од двете страни и извадете ги со лажица решетка на сува хартија.
Сум пробала и да ги печам, ама се добива комплетно различен вкус. Пржени се 100 пати подобри. Ако маслото е врело, нема да впијат многу масло.
Доколку немате шприц за тулумби, можете да ти правите со голема лажица или мало лажиче. Само црпете делови од тестото и пуштајте ги во маслото или наполнете кесе за замрзнување на кое ќе му го одсечете ќошето и правете форми.
Мене лично, највкусни ми се направени со шприц за тулумби бидејки се најкрцкави од надвор, а меки и воздушести внатре.
Можете да ги јадете солени и благи. Ние дома ги јадеме со Намаз (крем) со тиква, таан и какао (посно, веган), Мајонез од сончоглед, Намаз со лук (мајонез, сос, маринада)(посно, веган), Сладило, намаз од урми (сурово, веган, посно), само попрскани со прав шеќер, а половина ги јадеме без ништо, додека се уште топли =)))
Лиценца: Сите права се задржани