Намаз (крем) со тиква, таан и какао (посно, веган)
Желбата за нешто здраво и вкусно, особено кога се пилиштарците во прашање, не ми замира така лесно.
Испробувам нови комбинации постојано и оваа ни е една од поомилените по дома.
Кремот го јадат со лажичка директ од тегла или тањирче.
Подготовката е лесна и брза. Тиквата ставете ја во блендер и убаво испасирајте ја. Останатите состојки додавајте ги по малку, т.е по вкус. Мерките што се дадени се како нам најмногу ни се допаѓа, но рецептот без проблем си трпи импровизации. Не може да се утне.
Ќе внимавате со какаото, бидејки може многу да го згусне кремот, особено ако тиквата е печена (посува). Со додавање на таан структурата станува покремаста.
Од засладувачи сме го правеле кремов со мед и најново со Сладилото од урми. И во двата случаи вкусот е феноменален.
Може да се користи за палачинки, како фил за торти или да се мачка на леб.
Пријатно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани