
1
ное
2014
Малку поинакви макарони карбонара
Пршутот исечете го на коцки и пропржете го во во подлабока тава со сончогледово или маслиново масло.
Во длабок сад изматете ги жолчката и павлаката со жица за матење. Додајте го ориганото и сол и бибер по вкус. Додајте уште 100 мл вода. Истурете ја смесата од садот во тавата и потоа додадете ги и сварените макарони во тавата со сосот. Откако сосот малку ќе се згусне додатете го и претходно изренданиот кашкавал и исклучете го огнот.
Сервирајте во чинија и по желба додајте рендан пармезан и сечкан свеж магдонос.
Забелешка -Рецептот се разликува од оригиналиот рецепт за карбонара сос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови