Мајонез од сончоглед (сурово, веган, посно)
Имавме гости за Шеќерковитот роденден и јас спремав, спремав, спремав....се' од МоиРецепти.
Дојде другарка ми Марија и за малку ќе ми го засенеше целото спремање. Донесе мајонез од сончоглед кој совршено се совпадна со Домашните крекери од кашкавал што ги имав спремено.
Полесен рецепт во животов немам спремено, а вкусен....душа ми зема од што е вкусен.
Сончогледот се става во вода да покисне 5 часа. Се цеди и се става во блендер. Се додаваат сите останати состојки и убаво се миксира додека не се добие единечна смеса.
Јас од зачини додадов кари, окулу 1 мало лажиче и шафран од прилика 1 мало лажиче.
ТОЛКУ! (верувале или не)
Го направив во Петокот за гостите што требаше да дојдат во саботата.
Нидлес ту сеј, во Саботата морав да правам втора тура бидејки кога му се ставивме, маф го направивме. Дури и Младунче само зинуваше и не сакаше ништо друго да јаде освен тоа =))
Ете така. Нека биде ова мој атеистичен придонес за сите оние кои постат.
Лиценца: Сите права се задржани
лили, би требало да е убаво и со семки од тиква. јас првиот пат го правев со сусам и не остана за да го сликам, толку брзо го снема, што не го ни памтам кавки беше на вкус :) :) :) :)
разликата со сусамот и потврдите семи е што сусамот помалку теба да стои во вода, окулу 2 часа, а тврдите семки окулу 5 за убаво да набабрат и да бидат полесни за мелење :)
од како завршив со сусамот ми текна дека дома имам и таан, па ќе робам и со таан да видам на што ќе личи ;)
клара, ова е ЕЗ, како ми тргнало ќе го нарпавам и ПЕЗ :) :) :) :)
љиљо, знам постиш, гарант ќе те полаже да го направиш. ќе видиш, тешко е за сликање - исчезнува :) :) :) :)
албетина, кате, алекса чекајте да ва поканат на јадење :) :) :) :)
Вкусот (дали дека постам :) - ми е како Малиџано салата, така што мислам дека супер ќе биде само да се измеша со модри патлиџани. Супер суров рецепт ;)
MAJONEZ PRAVAM SEKOJ VTOR DEN A OVOJ KE GO PROBAM ZA RASPUSTOT-INAKU KE I OSTANE ONOJ KLASICNIOT:)
ане, остана нешто или се изеде додека да трепнеш?
нашите гости уште го зборат колку било добро. ете како ќе изнудувам да ми работат по двор и бавча :) :) :) :)
Si go jademe merakliski sekoj den po malku :)
Fala ti :)
јас го правев со сусам првиот пат и ептен беше интересно. истиот рецепт, различно семе, различен вкус. кул :)
само сусамот помалку се кисне, дека е помек, окулу 2 -3 саати :)
дури и другар ми што не знае ни јајца да сприжи, ова го прави успешно повеќе пати до сега.
не знам од што би можело да биде горчливо, а сите состојки се додаваат по вкус, зачини, па и лимонот. целата финта е да е добро покиснат за да може полесно и поубав да се испасира, малку вода, малку масло и да стане паста. како што реков, зачини по вкус. пробај пак, може си претерала со сенфот ако бил од тие погорчливите