Испечати

Мајонез од сончоглед (сурово, веган, посно)

Мајонез од сончоглед (сурово, веган, посно)

Состојки

  • 200гр лупен сончоглед
  • 3/4 од шоља (200мл) масло (кое било, маслиново, сончогледово, ленено - по вкус)
  • 1/3 од шоља вода
  • сок од еден лимон
  • 3-4 чешниња лукче
  • 1 голема лажица сенф
  • 1 мала лажичка сол
  • зачини по жеба кари, шафран, бибер

Подготовка

Имавме гости за Шеќерковитот роденден и јас спремав, спремав, спремав....се' од МоиРецепти.
Дојде другарка ми Марија и за малку ќе ми го засенеше целото спремање. Донесе мајонез од сончоглед кој совршено се совпадна со Домашните крекери од кашкавал што ги имав спремено.

Полесен рецепт во животов немам спремено, а вкусен....душа ми зема од што е вкусен.

Сончогледот се става во вода да покисне 5 часа. Се цеди и се става во блендер. Се додаваат сите останати состојки и убаво се миксира додека не се добие единечна смеса.
Јас од зачини додадов кари, окулу 1 мало лажиче и шафран од прилика 1 мало лажиче.

ТОЛКУ! (верувале или не)

Го направив во Петокот за гостите што требаше да дојдат во саботата.
Нидлес ту сеј, во Саботата морав да правам втора тура бидејки кога му се ставивме, маф го направивме. Дури и Младунче само зинуваше и не сакаше ништо друго да јаде освен тоа =))

Ете така. Нека биде ова мој атеистичен придонес за сите оние кои постат.