Панетоне по рецепт на сестрите Симили
Рецептот го должам на Љубица веќе една година. Конечно еве го...
Една недела пред да сакате да го печите Панетоне-то почнете со подготовка на стартерот. Ако си имате стартер, само претворете го во 50 % хидриран.
Помешајте ги 200 гр брашно со медот, маслото и водата, па месете 10 минути да добиете еластично тесто. Ставете го во стаклен сад, затворете и оставете го на топло 48 часа. Тестото треба да нарасни и да биди исполнето со ситни меурчиња. Во наредните денови, на секои 24 часа одделувајте 100 гр стартер од кој ќе замесите тесто со 45 гр. вода и 100 грама брашно и ќе го оставите да стои на топло до другиот ден. Вака го освежувате и го поттикнувате на активност природниот квасец. Вишокот стартер можете да го користите за да печете леб или други теста со природен квасец.
Подготовката на Панетоне-то трае 3 дена.
Прв ден - 18 и 30 часот.
Земете 50 гр стартер, па замесете го со 100 гр. брашно и 50 гр. млака вода. Оставете го на топло 3 часа (во рерна со неколку чаши врела вода покрај него) и уште еден час на собна температура.
Во 22 и 45 часот одделете 100 гр од тоа тесто и замесете го со 100 гр. брашно и 50 гр. вода. Набрашнете тенка кујнска крпа. Тестото формирајте го во кобасица, чврсто завиткајте го во крпата, врзете ги краевите со конец и ставете го во кутија каде ќе нема простор да нараснува. Затворете и оставете да стои 10 часа.
Втор ден - 9 часот.
Отворете ја крпата. Површината на тестото ќе биде засушена, пресечете ја и извадете 50 гр од меката внатрешност која ќе ја замесите со 100 гр брашно и 50 гр вода. Оставете на топло 4 часа.
13 и 30 часот. Одделете 100 гр тесто и замесете го со 100 гр брашно и 50 гр вода, оставете на топло 4 часа.
17 и 30 часот, одделете 100 гр тесто, замесете со 100 гр брашно и 50 гр вода, оставете на топло 4 часа.
21 и 30 часот почнете со подготовката на Панетоне-то.
Во садот на стоечкиот миксер ставете 250 гр млака вода во која ќе растворите 130 гр шеќер. Додајте 6 жолчки и добро изматете. Додајте 225 гр од последниот стартер исечен на коцки, мешајте да се соедини, па додавајте 550 гр брашно додека не добиете мазно, еластично тесто, некаде 10 минути. Потоа постојано мешајки со миксерот додавајте 140 гр путер во мали порции додека целото количество не се спои со тестото, а тоа стане сјајно и кадифесто, некаде уште 10 - 15 мин. Формирајте го тестото во топка, ставете го во намасте сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло 2 часа и уште 10 - 12 часа на собна температура. За тоа време тестото треба да го зголеми волуменот 3 пати. Ако не сте сигурни во активноста на стартерот, во горното тесто додајте 1 лажичка сув квасец.
Трет ден - 13 часот.
Ставете го тестото во садот на миксерот, додајте 80 гр млака вода во која е растопен 50 гр шеќер, па почнете да мешате. Додајте ги една по една 6 жолчки, млекото во прав, медот, солта, малтексот и постепено додајте 270 гр. брашно. После десетина минути мешање постепено додавајте 140 гр мек путер и мешајте околу 15 мин. додека не добиете сјајно тесто кое може да се развлече во тенка мембрана. Додајте ги аромите, сувото грозје и кандираните кори, кратко измешајте со миксерот.
Префрлете го тестото кое ќе биде многу меко на сосем лесно набрашнета работна површина, поделете го на два дела и со намастени раце формирајте 2 топки. Оставете ги покриени да отстојат околу 20 мин.
Подгответе два хартиени калапи за Панетоне од по 1 кг или два округли калапи со пречник 16 - 18 цм обложете ги со хартија за печење, внимавајќи страниците на хартијата да бидат доволно високи. Од секое тесто формирајте добро затегната топка и спуштете ги во калапите. Нека стасуваат на топло некаде 4 часа, додека не стасаат до работ на калапот. Сосема плитко засечете ја горната површина со жилет и ставете по една коцка путер.
Печете во загреана рерна на 180 Ц, 20 - 30 мин. Проверете со дрвено стапче. Веднаш штом ќе ги извадите од рерна провнете сосем блиску до дното по 2 дрвени стапчина, па отпревртени оставете ги да се ладат 6 часа. Оладени посипете ги со шеќер во прав.
Добро завиткајте во хартија за печење, па во најлон кесичка и во добро затворена кутија каде ќе ја зачуваат свежината или замрзнете ги.
Воопштоне е лесно да се направи, бара многу време, трпение и вештина, ама дава навистина добар резултат.
Ова е рецепт на сестрите Симили, во кој јас малку ја изменив постапката, а состојките ги зачував исти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pravam jas isti jadenja kako i site drugi, ama tie ni se za "po doma", ovde gi pisuvam onie drugite :))))
Bravo za receptov , odlicen e :)) Bravo za trpenieto pri negova podgotovka :))
ТИ НОРМАЛНА СИ?!?!?! :) :) :) :)
цела година собирав храброст и состојки за божиќниот, конечно го направив, ете и вертикална торта една склепав и сега ОВА. па женка имај милост :) :) :) :)
шала на страна, ми чепна во душичево со рецептов, ќе пробам да го склепам и нормално дека ќе рашутирам дел од состојките. тоа вода од цвет на портокал ми звучи како нешто бајачки што го користат, а и нема шанси да го најдам по скопјено. ако знаеш каде го има, певај птицо :) :) :) :)
со 12 белки што? пуслици за АРМ ? :) :) :) :)
мене памет ми лета да го направам во силиконски калапчиња, како божиќниот. така се' си спремам, поубаво ми е :)
ќе го личи или има финта и во формата? :)
а овие сестриве што го дале рецептот, требале бавча да копаат, а не тука дами набиваат комплекси :) :) :) :)
леле....ти ја замислувам фацата кога ќе видиш моја слика од рецептов. ќе фршти сеир на сите страни :) :) :) :)
Морам да признам дека до сега не сум прочитала рецепт кој се спрема подолго време и тоа со точно одредено до минута кога што ќе правиш. Прееска испратив еден рецепт и напишав дека по комплексност е тежок. Кај ми беше паметот?!?! Пердув категорија е споредено со ова!
Алал да ти е!
Srekni praznici!!!
Sestrite Semili imaat fantasticni recepti, osobeno za testo- ova preubavo si go odrabotila i prezentirala... a pak i jas sum cudna - sto do sega kaj tebe ne e dovedeno do sovrsentsvo?
Izrabotkata navistina bara trpenie, a i rabotata so priroden kvasec e cesto do kraj neizvesna. Zatoa i go pisuvav so vreme, da ne se sluci nekomu, kako mene edna godina, da pece vo 3 posle polnok. Testoto e mnogu delikatno za rabota, na raka ne veruvam deka moze da se izmesi zosto 1/4 od tezinata na brasnoto e puter, jas taka ne bi probala. Najvazno od se e da imate dovolno visoka temperatura za stasuvanje na testoto, najmalku 25 C. Vakvoto testo mnogu, mnogu tesko i bavno stasuva na poladno. Jas godinava ne sum do kraj zadovolna od rezultatot, minatata godina poubavo bese, ama toa e, ne moze sekogas isto....
Od belkite mozi da napravite Angel Food Cake, ili da se isprobate vo pravenje na Macarons, ili za najlesno, Zaboraveni kolacinja :))))
Sneska, mozi i vo mali kalapcinja da pravis, ama da se vo precnik barem 7 - 8 cm, vo pomali ne znam kako bi bilo. Ama ti ke mi pokazis :)))))
Neka vi se srekni praznicite :)
Јас би прашала околу состојките, поточно аромата од портокал и портокаловата вода па и вода од ружичка каде може да се најде кај нас во Македонијава? И квалитетно кандирано овошје? Се откажав од неколку празнични рецепти затоа што не можев да најдам потребни состојки, но еве кого ќе прашам :)
Нека ви се среќни и весели празниците :)
So zdravje da si gi sluzis:)
Ти благодарам и на одговорот, претпоставував дека е од соседството, но сепак да си прашам. Највероватно ќе одам и јас периодов, па додека сите одат по бутици јас ќе бидам во потрага по зачинки :)
Receptot vistina zamavulka e, ama na nekolku dena si imas na sto da mislis, pa ne bega umot "na gresni mesta" :)))) I terapevtski deluva :))
Fala ti uste ednas :)
Alexa, sigurno ima ...... :)
Лили честитки и ќе се потрудам да го направам барем и јас во текот на една година :)
Фала ти
Ti ne se brzaj, ima vreme za se :)))))