Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Шеќерпаре по рецепт на баба Славка.

Магијата на бабината кујна во вашиот дом. Парени колачи чиј вкус многумина ќе ги потсети на детството.

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги убаво јајцата да запенат. Потоа додадете го маслото, и откако ќе се соединат убаво додадете го млекото.

Потоа додајте ги гризот, брашното и квасецот и изматете ги со маталките за тесто.

Чекор 2: Тестото поделете го на мали топчиња, со големина на пинг-понг топче.

Наредете ги во тавата за печење и оставете малку простор меѓу нив. Направете отпечаток со вилушка на средината.

Вклучете ја рерната на 200 степени, додека таа да се загрее тие ќе нараснат.

Печете ги 30 минути, додека да заруменат.

Чекор 3: Кога ќе бидат готови оставете ги да се оладат. Тогаш започнете со подготовка на шербетот. Во сад на оган ставете ги водата и шеќерот и нека врие 10 минути.

Чекор 4: Се полеваат ладни колачи со топол, но не врел шербет. Треба е да отстојат неколку часа, или најдобро преку ноќ, за убаво да го впијат шербетот. Можете повремено да ги превртувате за рамномерно да го впијат шербетот.

Чекор 5: Сервирајте по едно Шеќерпаре во чинија, заедно со парче лимон.

СОВЕТ: Доколку сакате во шербетот можете да додадете ванилин шеќер и малку сок од лимон.