Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не згуснат и додека не се растопи шеќерот. Се додаваат зејтинот, брашното и прашакот за пециво. Смесата ќе стане густа, па може и со раце да се меси.
Од смесата се формираат топчиња и се редат во тавче без масна хартија бидејки ќе се пототпуваат во шербет.
Јас за да скратам на време, целата смеса ја натапкувам во големо тавче и ја ставам за печење. Се пече 20тина минути на 200степени или колку да зарумени горниот дел.

Додека смесата се пече, го вариме шеребетот. Во тенџере ја сипаме водата и шеќерот и чекаме да проврие. Може во шербетот да се додаде и ванилин шеќер и сок од еден лимон. Најчесто шербетот го правам со 1литро вода и 700 грама шеќер за да не биде толку благо.

Кога тестото ќе биде готово се остава малку да се олади, а се подоладув аи шербетот. Ако се прави во тавче без да се формираат топчиња, тестото се сече на парчиња пред да се полие за поубаво да впие.
Се полева кога и двете се топли, но не и врели. ЈАс овој пат сипав врел шербет врз врело тесто и пполовина од смесата се направи како крем. Не беше воопшто страшно, напротив, беше интересно, но тоа не е правилно.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови