Месо во тегла
Полесно и попросто не може да биде!
Месото се сецка на коцки, големина по желба, се става во тегла, теглата убаво се затвара со капак, сите тегли се редат во шерпа, се сипа вода во шерпата и се варат 5 часа на ќумбе. ТОЛКУ!
Рецептов ми го кажаа комшиите. Ми рекоа дека дури ни зачини не ставале во месото. Мислев којзнае која бљуваница ќе биде (нека ми прости трпезава). Ни на крај памет не ми падна да го правам. Порано со нозе го стискав месото да го собере во замрзнувач и набрзина затварав да не ми скокне назад. И јас будала сум била =))
Ни дадоа една тегла од нивното и после тоа, само вака спремено месо за мене е месо.
Нивното месо беше без зачини, а меко, меко, се топи во уста. Во теглата не се додава ни вода, ни оцет, ама баш ништо. Месото само си пушта сокови и кога ќе се олади се желира само. Преубаво.
Само отвараш тегла и имаш готов ручек. Ако се приготвува некој брз ручек како грашак или црвена леќа, само истураш внатре и ручек готов за 10 мин.
Ние нашето кога го спремавме ставивме зачини бидејки знаевме дека ќе го мезиме веднаш без да го додаваме во нешто. Коцките ги правевме помали за да ни биде таман залче. Следниот пат ќе додадеме и кромид и лук, а можеби и печурчиња, морков и слично. Ептен ќе биде мераклиско. Може да се стави кој било вид на месо, телешко, јунешко, свинско, овчо, пилешко, а може и мешано да се направи.
Спас за оние кои немаат место по замрзнувачи, а и со еден ден работа, оброци за многу пати. Мене ми е супер опција со оглед на тоа дека сум мрза белосветска и сакам само брзи рецепти.
Теглата си е вакумирана и нема гајле од расипување. ЛЕ БОН БОН.
Ај чао!
Лиценца: Сите права се задржани
Месото го чадеа во село ...еех по цели половинки од свинчето... Природно пресно , вкусно...мириса на убавина...ммм :)
аца и вага, месово си го чувавме како зимница во подрум. може да стои неограничено бидејки е вакумирано :)
здраво маргаритче, ни недостасуваше :)
Cestitki :))
кој ќе ме слуша сега како се чаламам, м? :) :) :) :)
(им подава на сите затки за уши)
кој би рекол....јас па мислев ќе добијам награда за најмрзлив ставач на рецепти и правач на туѓи :) :) :) :)
искрено полесно ми е да ви ги крадам рецептите, од колку да барам мои, ама ете, очигледно ме бивало ;)
тенкју, ми се разубаве денов :)
затоа сум тука и толку ве сакам. полна ми е трпезата секогаш од кога ве најдов, а со тоа полна и куќата и душата :*
весна, чекам слики од твоето. ние сега пак се спремаме за нова тура вакво, ама огтомна тура. три дена ивкова слава по дома :) :) :) :)
поздрав :)
Добро напишав и тоа дека вака спремаме повекето месото и не го замрзнуваме... Па Радри... сега ке ме извиниш ти мене - нема лутиш,
Срекни празници!
аааа, аматеризам левел ЛУДО ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ :) :) :) :)
му реков на шеќерко, ако некогаш мора да се селиме, шпоретот на дрва доаѓа со нас :) :) :) :)