ЗИМНИЦА КОЛАЧ – Мраморен колач во тегла
Мојата пријателка Тајана вели дека вака вредните баварски домаќинки го спремале секое бисквитно тесто и секогаш кога биле временски ограничени за десерт не мислеле - едноставно ке отворат теглата и десертот е принесен на маса. Гледав и се чудев, но ми дојде идејата дека не само да биде колач за изненадни гости, не само да се испрати која тегла на студентот да си понесе, не само да се чува како колач-зимница, туку мене ме воодушеви што може да биде и колач - пригоден подарок за најблиските особено за празниците кога се подарува. Убаво спакувана тегла со колач - големи изненадување и со радост прифатен подарок. Колачот испечен во тегла и затворен додека е топол, стои до 6 месеци и со право си го носи името КОЛАЧ ЗИМНИЦА.
Јас одлучив овој рецепт да биде мојот 100-ти јубилеен, а се надевам дека ке израдувате некого ако се одлучите да го подарите токму овој колач.
ПОДГОТОВКА
1. Извадете од шеќерот 5 лажици и ставете го настрана. Останатиот шеќер и ванилата со путерот пенесто изматете ги, додајте го млекото и 4 жолчки. Матете уште кратко време по што ќе го додадете и брашното во кое сте го измешале пецивото.
2. Белките изматете ги во цврст снег со 5 лажици шеќер, и овој снег додајте го во смесата од жолчките. Соединети ги овие две смеси со лажица или со миксерот кој ќе го вклучите на најмалата брзина.
3. Одвојте 1/3 од смесата во која ќе додадете 2 лажици какао измешано со 4 лажици млеко.
4. Теглите намастете ги со путер или маргарин и посипете ги со лебни трошки, па наизменично додавајте од жолтото - 2 лажици и 1 лажица од кафеното тесто или едноставно ставете прво од жолтата смеса, врз неа од кафената и со вилушка ишарајте - правете мраморен колач. Теглите полнети ги во висина од 3/4 - повеќе не полнете ги за да не ви претече од смесата не ги прополните теглите да не истечат.
5. Печете на температура од 180 степени околу 50 мин.Проверете со чепкалка дали е печено. Веднаш по вадењето од рерната затворете со капачките и може да се одложи и да си го чекаат своето време.
НАПОМЕНА
За да може колачот да се извади најбитни се теглите. Потребно е да тие бидат со еднаква ширина, да не се стеснуваат кај отворот.
Не размислувајте околу тоа дека теглата може да пукне. Ако таа е добро избришана да не е влажна од водата, нема да се случи да ви пукне, па нели стакло е и на поголема температура се излива за да дојде до конечниот производ.
Јас почесто го правам и тоа не само овој колач по напишаниот рецепт и овошен колач до крај испечен, не ми се случило до сега да ми пукне тегла. Проблем ми е што поретко веќе можам да најдам такви тегли, како да ги снема од трговијата.
Лиценца: Сите права се задржани
АУУУУУУУУУУУУ, ќе ме боли газето од што се превртев после ова :) :) :) :)
е па убаво прославено 100тче. оди сега да ти пишам петка со ИНСЕКТ на двете раце и со црвено пенкало :) :) :) :)
Лиле, одличен избор, одлична изведба како и секогаш со одлични слики од кои зрачи твојата страст кон домашно приготвените специјалитети! Кај тебе дури и едноставните рецепти имаат магија и изгледаат посебни. Од срце ти го честитам јубилејниот број и ти посакувам уште мнооогу други, барем до 1000, па потоа пак ќе преговараме ;)
Клареста.. благодарам уште еднаш!
Иако ни беше најавен рецептот и ја очекувавме твојата стотка, останавме без зборови :)
Знаеме дека од тебе може да се очекува нешто зготвено со преголема страст за пробување интернационални деликатеси, но ти на се` тоа му даваш една огромна доза на љубов кон совршена презентација, домаќинско внимание и вештина во готвењето - што дури и најсложените рецепти делуваат лесни како песна :)
Уште еднаш, ти благодариме што ги одбра моирецепти.мк како место за споделување на овие твои кулинарски мајстории.
Подарокот од нас е Делимано трио сет тави http://www.delimano.com.mk/delimano_setovi/prima_set_trio.html и резервиран термин за интервју кон крајот на Септември :)
Во меѓувреме, овде веќе се бараат тегли со широк отвор - за да се проба ова волшепство.
Остани ни со здравје...Искрено, МоиРецепти
П.С.За оние што не знаат, не ми е тетка, но ја сакам како да ми е најблизок род, ја почитувам како што од дамнешни времиња се почитувал кумот, а пак лудуваме заедно како да ми е другарка-врсничка.
Тета уште еднаш честитки од мене, Принчипесата и другар ти.
Преубаво изгледа ..само едно прашање.како се вади од тегла...??Самото лизнува или???
не што немам видено вакви, туку не ни знаев дека постојат.
аманет оставам: ТОЈ/ ТАА ШТО ЌЕ НАЈДЕ ВЕДНАШ ДА МЕ ИЗВЕСТИ. КУПУВАМ МИНИМУМ 20.
за лили не мора толку. 4 ѝ се доволни :) :) :) :)
Lile, cestitki za RD :))
ЛилИн, благодарам за честитката, знам дека ке се најдеш и ти на ова место, повеке од сигурна сум...
Samo ajde kade da se najhdaty takvi tegli?