Спирален мраморен колач
Најпрво се мешаат сувите состојки брашно, шеќер, сол, квасец и маргаринот. Настрана се мешаат млекото кое е затоплено и жолчките. Се додаваат во сувите состојки и се меси убаво. Се остава да стасува 30 мин.
Се премесува и се сука голема кора која се премачкува со филот од чоколада со еурокрем измешана. Се превиткува на 5 дела и пак се сучи во голема кора која се сечи на ленти. Секоја лента се свиткува во спирала и се реди на плех од релна. Се печи на 180 степени 15 мин.
Потоа додека е топла се превртува наопаку и се премачкува со мармелада од сливи, јагоди, кајсии...и се превиткува во ролат. Спиралите пукаат но со помош на мармеладата која служи овде за спојување на лентите ролатот ќе се залепи и ќе се добие во форма. Потоа се зема прозирна фолија и се завиткува убаво и се остава да се лади.
Мислев дека е којзнае каква филозофија за правење, но излезе нешто многу убаво, вкусно и совршено одлично. Пријатно!
Лиценца: Сите права се задржани