Еклери - најубавиот од сите 4 рецепти
Ставете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади.
Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно.
Има два начини на одлагање на смесата во плехот
1. Со помош на лажица ставате по 2 купчиња едно до друго и одозгора ги израмнувате многу малку да добијат облик и
2. Со помош на шприц за тулумби.
Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин.
Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се осатва да излади.
Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав.
Еклерите се засекуваат и се филоваат со кремот. Одозгора можи да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можи да додадете и некое ребро чоколадо за готвење.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala Beti :)
Jas denovive pravev princes krofni... ke spodelam, bez pecivo...
Da te prasam...Sekogas pecivoto go dodavas vo zeskoto testo??? Imam soznanija deka ne se dodava vo toplo, bidejki pred vreme ke izdejstvuvalo, t.o. nemalo da ima efekt pri pecenjeto...Dali imas zabelezano nekakva promena?
... Ni vo tulumbi, ni vo ekleri ne stavam pecivo...A, narasnuvaat za merak...
Tulubite za eden merak... :-)
Весна, твојата идеја ми се допадна многу и обавезно во следна прилика ќе ја пробам. Фала ти :)
Со пржено брашно до сега фил никаков не сум пробала, но верувам дека има свој шмек во вкусот... паа с енадевам дека во згодна прилика ќе ни го споделиш и твојот рецепт :)
Не знам зошто ти спласнале, ако точно си се држела до инструкциите, навистина не би требало тоа да се случи. Температурата која е наведена и минутажата се еден од условите за успешноста на овој рецепт, но исто така и отворањето на рерната. Да не ја отвори пребрзо? Сепак, би требало повеќе трпение и ѕиркање без отворање.... само нагодувам, ти секако знаеш кога за прв пат ја отвори... Најглавната причина за спласнување е баш тоа. Би било добро и ако можиш да сликаш да видиме
Нека ви се во сласт! Баш ми е драго што трудот не ти бил залуден. Во секој случај, извлековме и дополнителна поука :)
Cestitki za RD!!!
Ne cokoladirani
Фала ти многу на прекрасните сликички и на довербата што ги испроба. Особено најмногу ме радува делот каде што опишуваш дека ти се допаднаа- уживајте во нив :*
Slicen recept imam za princez krofni i nikako ne bi go menuvala ,nema sansa da ne uspeat.....
ги направив. ама добив лекција од рерната. првата тура спласна (се слуша пцуење), ама затоа втората беше ле бон бон и ја сликав. првата... не, не ја сликав. не сакав таков спомен :) :) :) :)
печев во делимано ростерот без да мачкам, без хартина само делимано и еклери. супер испадна се. немаше лепење, гребење, создадени се еден за друг :)
ги правев со шрпиц за тулумби, па и тулумби ми се пријадоа, ама се возржав и не напрвив :) :) :) :)
ова е нараснатото штотуку испечено. зјапав во рерната ко хипнотизирана и чекав да престанат да се појавуваат меурчиња на површината на еклерите. кога ќе престанеа меурчињата, тогаш ја намалував рерната. така мора кај нас. инаку....брука излегува од рерна :) :) :) :)
ветувам подобра слика следниот пат :)
Мене фотографијата ми е супер. Како што кажав и кај Милена, ми се присакаа пак сега, а се трудам да не бидам лакома хаха (на овие не можам да одолеам:) )
Морам да ти честитам мајсторе, штом велиш дека рерната е специфична, а ти успешно си ги направила-браво! Јас на доскорешната луда рерна ни на крај памет не се осмелував :))) Фала ти за дојавата :)
Сликичка лесно се става на делот choose file полето што се наоѓа под балончето за пишување текст. Но, претпоставувам дека ти тоа сигурно го знаеш и си пробала, па можеби е некој технички проблем. Ако и понатаму не успеваш со слики во коментарите, обрати се во редакцијата да помогнат.
Eve i jas da se javam na raport :)))) Kaj mene samo kako princes krofni, po zelba na mnozinstvoto ;)))
Testoto odlicno, ma preubavo!
Go sledev receptot od A do Š....na pocetok narasnaa za merak, mislev ke izlezat od rerna :))) ama koga ja namaliv temperaturata na 150, se spleskaa :( Mi idese da zaplacam kolku se razocarav :)) Vtorata tava ja pecev po instrukciite na Maja vo eden nejzin recept za vakvo testo, 25 minuti na 220 stepeni, i operacija uspesna! :)))
E sega za filot sigurno nekade pogresiv, ne izleze dovolno gust...go varev podolgo otkolku puding sto se vari, moze trebase uste da go varam.....pomagaj, kazi kade bi mozelo da sum zgresila, zatoa sto filot e navistina vkusen i nareden pat bi sakala so nego da gi filuvam.
Inaku na slikata filot nabrzina go napraviv od puding i gustin, se snajdovme nekako ;)))
Не знам зошто спаднале со смалување на температурата, а вратничката не се отворала Албетина. Навистина не би требало. Во зависност од рерната само погоре констатиравме дека откако ќе се намали температурата доколку минимално не подотемнат да се остават уште малку во рерна. Но, штом начинот на печење на Маја се покажал успешен, тогаш тој е веројатно повеќе за твојот шпорет :)
Филот не е густ многу. Ако очекуваше да го ставаш со шприц и да се познаваат филувани како со шприц, не е таков :) Доаѓа како потечен пудинг и кога ќе се здрви не е цврст така како повеќето филови. Но со комбинацијата во еклериве совршено се вклопува баш таков барем по мој вкус и очекувања :)
A za filot.....gledam vo slikite vo komentari, kaj nekoi filot so spric stavan pa si rekov tolku gust treba da e :-) :-)
Klaric, fala ti za receptot, doma site sme prezadovolni od nego.
Се надевам дека следниот пат ќе ти испаднат совршени како што посакуваш, а печењето штом од Маја се покажало добро без сомнение „кради го“ ;)
Eve gi moite prv pat pravam ekleri i izlegoa odlicni. Blagodaram za receptot i postapkata za pravenje :)