Испечати

Еклери - најубавиот од сите 4 рецепти

Еклери - најубавиот од сите 4 рецепти

Состојки

  • 1/2 шолја масло
  • 1 шолја вода
  • 1 шолја брашно
  • 1 пак. прашок за пециво
  • 4 јајца
  • - За фил -
  • 1/2 л млеко
  • 4+3 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 1 капсула во прав арома ванила или 2 пак. ванилин шеќер
  • 2 полни лажици брашно
  • 125 гр маргарин со вкус на путер + 2 лажици шеќер во прав
  • шолјата е од 250 мл

Подготовка

Ставете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади.
Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно.

Има два начини на одлагање на смесата во плехот
1. Со помош на лажица ставате по 2 купчиња едно до друго и одозгора ги израмнувате многу малку да добијат облик и
2. Со помош на шприц за тулумби.

Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин.

Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се осатва да излади.

Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав.

Еклерите се засекуваат и се филоваат со кремот. Одозгора можи да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можи да додадете и некое ребро чоколадо за готвење.