Натпревар на тема: Солени и слатки рецепти за празнична трпеза
Од 01.12.2022 до 10.01.2023 специјалниот натпревар е на тема:
Солени и слатки рецепти за празнична трпеза
Учествуваат само рецепти кои во клучни зборови имаат: празници
За најдобрите рецепти подготвивме три награди:
1. Delimano Royal Supreme Glass Мала ростер тава со капак
2. Delimano Stone Legend Black Тава за пржење 24см.
3. Delimano Dolcevita Мелница за сол и бибер
Правила на натпреварите
Натпреварите на рецепти на одредена тема се специјални натпревари, покрај Изборот на Рецепти на денот и Рецепти на месецот. Два пати месечно, тимот на МоиРецепти ќе зададе одредена тема за натпревар, а самиот натпревар ќе трае десетина дена. Ова ќе биде објавено на Фејсбук страната на Моирецепти, и на банер на moirecepti.mk.
Во овие рецепти учествуваат рецепти испратени од членовите на моирецепти.мк на вообичаениот начин, со тоа што покрај учеството во овој натпревар, тие учествуваат и во редовниот избор на Рецепти на денот, Рецепти на месецот.
Покрај основните критериуми кои важат за избор на најдобрите рецепти:
1. Квалитет на фотографија
(Квалитетни фотографии – изглед и презентација - направени од авторот на рецептот ќе бидат највисоко оценувани. Предност имаат оние фотографии каде што рецептот е прикажан сервиран во чинија. Употребата на неавторски фотографии не е дозволена.)
2. Иновативност на рецептот
(Под иновативност подразбираме иновативно користење на различни состојки, како и сопствен придонес на рецепти од други извори. На пример, одреден сопствен начин на комбинирање на состојките, додавање/менување на некои сопствени состојки, поинаков начин на готвење и сл.)
3. Број на лајк-ови
(Бројот на лајкови на самиот рецепт на moirecepti.mk од каде што ќе можете да го промовирате вашиот рецепти. Секој лајк се брои, но е само еден од критериумите за избор на вашиот рецепт меѓу најдобрите. Притоа, се зема во предвид и фактот дали рецептот бил или не бил објавен на ФБ страната на МоиРецепти)
4. Активност на готвачот
(Бројот на рецепти, како и нивниот квалитет, но и редовното учество во комуникацијата на моирецепти.мк влијаат при изборот на победници)
Во натпреварот на одредена тема, ние ќе ви зададеме одредена тема за готвење, на пример, тестенини во сос, рецепти со риба, чорби, итн. Оној рецепт кој е најдобар според горенаведените критериуми и ја опфатил зададената тема, ќе биде одбран за Специјален Рецепт на темата.
Кога се одбира Специјален рецепт?
Изборот на Специјален Рецепт на тема според горенаведените критериуми го врши тимот на moirecepti.mk
Готвачот на овој рецепт ќе биде награден со Делимано производ или ваучер за купување на Делимано производи во продажните места на Студио Модерна – а конкретната награда на секој избор ќе биде објавена заедно со темата на натпреварот.
Правилник на формата на рецептот
Име на рецептот: Пире од спанаќ
Краток опис:
Овој е еден од моите омилени јадења и уживам кога го спремам за моите пријатели. Оргиналниот рецепт ми го даде добра пријателка, но јас додадов уште неколку состојки кои мислам дека го направија уште подобар.
Состојки:
- 50 гр Брашно
- 400мл Млеко
- 3 чешниња Лук
- 1кг Спанаќ
- 1 лажичка црн пипер
- 1 лажичка сол
Подготовка:
(Начинот на подготовка треба да биде прикажан во одделни чекори)
Исчистениот спанаќ убаво се мие.
Се загреваат 2 литри вода и во неа се става спанаќот, се посолува и се остава да се вари неколку минути. Потоа се цеди и се сечка ситно.
Во тенџере се загрева маст или путер, се додава брашното, исечканиот лук и убаво се меша.
Потоа се додава спанаќот и сè заедно се пропржува, се додава млекото, црниот пипер и се остава уште извесно време да се вари додека не омекне спанаќот.
Забелешка (совет):
(Напишете нешто специфично за рецептот што сте го откриле од вашето искуство, или пак некој совет на што треба да се внимава при приготвувањето).
По желба може да се изренда пармезан во чинијата при сервирањето.