Домашна торта со афион
Прво афион го попаруваме со жешка вода. И сувото грозје попарете со жешка вода.
Се истура по 1 чаша жешка вода.
Печеме три пандишпани, прв со афион,в тор со суво грозје, трет со мелени ораси.
За секој пандишпан кршиме 1 јајце матимо со 125 гр. шеќер, после додаваме павлака, брашно, афион и пола пакетче пециво. Се убаво промешуваме со лажица и истураме во намачкан плех бр.26. печеме на 180 степени околу 25 минути.
Со истата постапка правимо со останато тесто, во следно ставимо суво грозје, во последно мелени ораси.
За фил
Павлаката ја матиме со шеќер.
Филуваме, сите пандишпани ги премачкуваме со павлака. Прво со ораси, втор со афион да биде во средина, трет со суво грозје.
Од горе намачкајте со павлака и ставете мелени ораси.
Оставете малку во фриждер на 1 саат.
Торта е многу вкусна пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани