Домашна урма торта
ТЕСТО - 10 белки се матат додека не станат снег, потоа постепено се додава 200 гр. шеќер, се мати до цврст снег. Пецивото и 4 лажици брашно се мешаат заедно со сецканите урми (200 гр.) , сецканите ореви (150 гр.) . Смесата убаво се меша и се нанесува на плех обложен со хартија за печење. Се пече 20 минути на 200 степени .
ФИЛ - 10 жолчки се матат на пареа со 350 грама шеќер, се варат додека смесата не добие густина.
На страна се вари крем од 100 гр. чоколадо,100 гр. какао, 3 лажици шеќер и 100 мл вода. Се вари кремот и се остава да се олади. Заедно се мешаат двата крема додека не се добие хомогена смеса.
На страна пенесто се мати еден омекнат путер кој се додава во филот, повторно се мати убаво додека смесата не се соедини.
Тортата се сече на три дела (ленти), се филуваат сите ленти, на крај целата торта се премачкува со филот.
3 шлаг пени се матат со 300 мл ладно млеко. На крај целата торта се премачкува со шлагот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови