Домашна пита со праз или зелка
Сите состојки освен водата се ставаат во голем сад и се мешаат, па се додава топлата вода и се замесува тесто.
Водата треба да е топла, но не врела. Врела водаќе го изгори квасецот и нема да нарасне, а и со ладна вода нема да нарасне тестото. Старско објаснување за топлината на водата е да е доволно топла да можеш да држиш прст, а да не те гори.
Тестото се покрива (капак, крпа...) и се остава да стаса. Тестото ќе биде стасано кога ќе нарасне двојно повеќе и/или ќе има дупчиња по него. Се попрскува со брашно и повторно се замесува.
Во зависност од тавата се сука големинта на кората. Јас обично го делам ова тесто на половина, па на уште половина.
Се набрашнува површината за сукање, се става топчето и се сука во големина малку поголема од тавчето. Се сука поголемо тесто од тавчето за на крај да се направат виткани краеви, а дебелината е од прилика половина сантиметар. Може и потенко бидејки при печење повторно ќе нарасне.
Тавчето се намрсува со зејтин, маргарин или маст. Се става првата кора и се полни со сецкан праз. Не пречи ако има многу праз.
Втората кора исто се сука да биде поголема од тавчето, бидејки ќе се гужва. Се попрскува со зејтин и се пече на 200 степени окулу 30 ина минути.
Ако се прави со зелка, зелката може да биде кисела, ситно сецкана или ако е свежа, се сецка ситно и се пропржува со зачин по желба (сол, бибер, црвен пипер, вегета)
Доколку ви остане вишок тесто, слободно испечете лепче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Пишано е тестото од прилика како ќе се троши. На пример за ова тавче на сликата употребени се две кори бидејки е мало, но ако се прави пита во поголемо тавче, поголем дел од тестото ќе се употреби или цело тесто.
Затоа на крај пишав, ако остане тесто може да се испече лепче или ти како што кажа, уште две кориво друга тепсија со друг фил :)
Поздрав