Подготовка:
Во топло млеко ставаме шеќер, квасец, малку брашно и оставаме да се активира. Во сад ставаме пастопен путер, кисело млеко кое било на собна температура и активираниот квасец. Полека додаваме брашно и месиме се додека не добиеме средно меко тесто. Го покриваме со фолија за свежа храна и оставаме да се дуплира. Нежно тестото го делиме на топчиња со големина на орев. Со дланката малку ги истенчуваме, и на секое топче ставаме дно од мала ракиена чашка. Правиме 4 засеци, па потоа секоја четвртина ја делиме на половина, нежно со два прста формираме цвет. Полека го земаме секое парче и го ставаме во плех обложен со пек хартија. Постапката е иста за цело тесто. Пред печење се потворува постапката со дното на чашката, бидејки може да се деформира средината. Додаваме во средината кечап и оригано. Премачкуваме со јајце. Оставаме да надојдат кифличките уште 20 минути. Ги печеме околу 20-25 минути во загрена рерна на 200 степени.