Старинска алва со карамелизиран шеќер
Во една касерола ставаме 2,5 или 3 чаши шеќер и го оставаме на тивок оган да се карамелизира, со повремено промешување. Треба да добие златеста боја. Доколку е потемна, алвата може да горчи.
Во друга касерола на оган ставаме масло да се загрее, 1 чаша. Тука додаваме две чаши гриз и на умерен оган пржиме, со повремено промешување. Треба да се пропржи до светло жолта боја.
Во касеролата со шеќерот внимателно ја додаваме водата бидејки ќе прска. Оставаме на тивко оган да се растопи, да нема грутки.
Кога е растопен шеќерот, многу многу внимателно го додаваме во садот со гризот. Додаваме и ванилин шеќер. Мешаме кратко додека да се згусне смесата.
Смесата ја сипаме во силиконски калапи и оставаме да се олади.
По желба може да се додаде суво грозје, ореви...
За сите сосотојки ја користиме истата шоља, која и да ја одберете.