Старинска обланда
Старинскиот рецепт за обланда е со фил како карамел на кој му додавам рендана кора од лимон што е многу освежително, па се јадат многу брзо...
Рецептот е многу едноставен, се зоврива млекото со шеќерот, потоа се додаваат мелените ореви, се меша постојано, а при крај се додава путерот и кората од лимон. Густината е важна за обландите да не ви останат суви или премногу наводенети.
Се мачакат една по една додека е врел филот, се слепуваат со внимателно притискаање, а најодозгора може да има ореви за поубав изглед, но јас немав трпение, одамна ги немав правено.
Сечењето по желба, обично ги правам како штанглици, но овој пат ги исеков ромбоидно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vkusot e 5
Инаку, во однос на бабите... моите баби се родени на почетокот на 1900 години, и двете се сеуште живи - баба ми по мајка ја правеше оваа обланда, превкусна е, со две раце потпишувам.
I uste ednas generalno izvinuvanje za site pati sto me nema... :)