Испечати

Старинска обланда

Старинска обланда

Состојки

  • 1 обланда
  • 1л млеко
  • 500мл шеќер
  • 300гр ореви
  • 50гр путер или маргарин
  • 1 кора од лимон

Подготовка

Старинскиот рецепт за обланда е со фил како карамел на кој му додавам рендана кора од лимон што е многу освежително, па се јадат многу брзо...
Рецептот е многу едноставен, се зоврива млекото со шеќерот, потоа се додаваат мелените ореви, се меша постојано, а при крај се додава путерот и кората од лимон. Густината е важна за обландите да не ви останат суви или премногу наводенети.
Се мачакат една по една додека е врел филот, се слепуваат со внимателно притискаање, а најодозгора може да има ореви за поубав изглед, но јас немав трпение, одамна ги немав правено.
Сечењето по желба, обично ги правам како штанглици, но овој пат ги исеков ромбоидно.