
16
окт
2011
Домашна бајадера
Во сад се ставаат шеќерот и водата да зоврие и се трга од шпорет. Се додава маргаринот да се растопи и се додаваат бисквитите и орасите. Потоа смесата се дели на два дела и во едниот дел се додава 100гр. чоколада. Тавата се премачкува со малку масло или маргарин. Прво се става кафениот (чоколаден) слој а врз него посветлиот слој. На крајот врз смесата се додава подготвената глазура (Состојките за глазурата се растопуваат и се премачкува одозгора). Се декорира со мелени ораси или бисквити. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови