На оган ја ставаме водата и шеќерот да зовриат 2-3 мин. Потоа ги тргаме од оган и ги додаваме бисквитите,оревите и еурокремот. Маргаринот настрана го биеме и него го мешаме заедно со останатите состојки. Убаво мешаме додека не добиеме еднолична смеса. Смесата ја ставаме на работната маса и расукуваме кора со дебелина околу 1см. Со калапче вадиме различни форми, кои потоа ги чоколадираме. Декорираме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови