Карамел-Еурокрем Бајадера
1. Во тенџере на оган се стават јајцата и шеќерот, се меша и се додаваат карамелите (сецкани за полесно да се стопат). Откако ќе се растопат шеќерот и карамелите се трга теџерето од оган и се додава маргаринот. Кога ќе се стопи маргаринот ги додаваме бисквитите и мешаме се заедно да се соедини. Смесата ја нанесуваме во калап и ја ставаме во фрижидер да се стегне малку за да можеме темната смеса да ја нанесеме.
2. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган заедно со маслото да се стопи. Откако ќе се стопи чоколадото го тргаме тенџерето и го додаваме еурокремот и кикириките. Мешаме да се стопи и еурокремот и веднаш ја нанесуване врз светлата смеса. Оставаме да се стегне.
Јас одозгора ставив светки за слатки и украсив со цветчиња и срценца што ги направив од фондан.
Лиценца: Сите права се задржани