Испечати

Домашна урма торта

Домашна урма торта

Состојки

  • Тесто
  • 10 белки
  • 200 гр шеќер
  • 1 пециво
  • 4 лажици брашно
  • 150 гр. сецкани ореви
  • 200 гр. сецкани урми
  • Фил
  • 10 жолчки
  • 350 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо
  • 3 лажици шеќер
  • 100 гр. какао
  • 100 мл. вода
  • 250 гр. путер
  • Декорација
  • 3 кесички шлаг пена
  • 300 мл. млеко
  • 3 ванили

Подготовка

ТЕСТО - 10 белки се матат додека не станат снег, потоа постепено се додава 200 гр. шеќер, се мати до цврст снег. Пецивото и 4 лажици брашно се мешаат заедно со сецканите урми (200 гр.) , сецканите ореви (150 гр.) . Смесата убаво се меша и се нанесува на плех обложен со хартија за печење. Се пече 20 минути на 200 степени .
ФИЛ - 10 жолчки се матат на пареа со 350 грама шеќер, се варат додека смесата не добие густина.
На страна се вари крем од 100 гр. чоколадо,100 гр. какао, 3 лажици  шеќер и 100 мл вода. Се вари кремот и се остава да се олади. Заедно се мешаат двата крема додека не се добие хомогена смеса.
На страна пенесто се мати еден омекнат путер кој се додава во филот, повторно се мати убаво додека смесата не се соедини.
Тортата се сече на три дела (ленти), се филуваат сите ленти, на крај целата торта се премачкува со филот.
3 шлаг пени се матат со 300 мл ладно млеко. На крај целата торта се премачкува со шлагот.