Видео рецепт: Роденденска торта
Време е за славење, а со оваа торта можеме да славиме со стил – богата сочна торта од темно пиво и кафе, прелиена со чоколаден крем со малку шампањ. Како ви звучи?
Подготовка
Чекор 1: Започнуваме со топење на путерот заедно со темното пиво и кафето. Можете да се обидете и со инстант кафе, но, за подобар вкус, ние ви препорачуваме еспресо.
Чекор 2: Загрејте ја рерната на 160 степени и во длабок сад измешајте ги сувите состојки - брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.
Во друг сад со миксер изматете ги јајцата, ванилата и павлаката и потоа се измешајте со смесата од кафе и пиво и онаа од суви состојки, додека да добиете хомогена смеса.
На крај мешајќи додадете го и какаото и ќе забележите како се создава чоколаден сјај низ целата смеса.
Чекор 3: Двете округли Делимано силиконски тави ги премачкуваме со масло и потоа ги полниме до околу 70% од нивниот капацитет. Ги печеме 30 минути или додека пандишпанот не се испече убаво и не почне да се одвојува од страните.
Чекор 4: За подготовка на преливот, павлаката ја загреваме и потоа ги додаваме парчињата чоколадо и малку шампањ. Мешаме додека да добиеме рамномерна смеса и потоа матиме со миксер, за во преливот да влезе малку воздух пред да го ставиме во фрижидер најмалку 1 час да се згусне. Потоа можете да го ставите врз тортата.
Чекор 5: Извадете ги пандишпаните од рерна и оставете ги да се оладат за преливот да не се стопи кога ќе го нанесувате. Оној пандишпан кој е порамен ставете го одоздола, врз него нанесете од филот па потоа преклопете со вториот пандишпан. На крај целата торта убаво премачкајте ја со преливот одозгора и од страните. Не брзајте, ова е клучно за убавиот изглед на вашата торта.
Чекор 6: На крај за декорација, земете многу остар нож и со него поминете врз ладното темно чоколадо за да направите тенки ленти.
СОВЕТ: Оваа торта има многу специфичен вкус, но е многу богата и вреди да ја подготвите за некоја специјална пригода – бројот на состојки е поголем, па затоа внимавајте да не пропуштите некоја!
Поздрав до готвачите и до целата екипа, особено поздрав до „Енглезот“, ќе ни недостигаат неговите финтици (како делењето на меленото месо и сл. :) ) , но сигурна сум дека и „новиот“ исто така ќе не удостои со негови ;)
Честито подновата на сајтот, уште еднаш ви го честитам роденденот и ви посакувам се најубаво!
А роденденот, тој ни е заеднички! Сè што е направено, е за Вас!
Prekrasna torta za rodendenot.Sreken rodenden i uste mnoguuuu godini da ne druzite :)
Ke zaboravev, me zbunivte i mene so sajtot :) vo sekoj slucaj sega e prekrasen.
Pozdrav
Со еден збор прекрасни и совршени сте... БРАВО :):):)
Ти благодариме. Без вас не би биле тоа што сме!
Pozdrav do celata ekipa i neka e sreken rodendenot, uste mnogu uspesi da se mnozat! Bravo i prodolzete samo taka!! :)
Ти благодариме!
Видеото е лудница, не расположивте и насмеавте сите Понеделнички :)
Честитки за новиот Мастершеф и новата страна, одлична е.
Поздрав до цела екипа :)
Вашите коментари не прават пресреќни и не тераат да продолжиме понатаму. Затоа што ние сме тука за Вас!
Ubav rodendenski poklon- nov izgled na sajtot :)))
Pozdrav
Neka ima uste mnogu godini ubavo druzenje, ubavi recepti, videa i fotografii :))
So mnogu ubavi promeni vo tretata godina, nova kujna, nov Filip, nov izgled na stranata i so ubava torta kako kruna na se :)
Mnogu pozdrav za site od timot na Moi Recepti :)
Навистина се трудевме да имаме многу новини за Вас.
Голем поздрав и до тебе ;)
Вие сте многу голем дел од овој успех :-)
Поздрав и до тебе :-)
А видеото? Погледни го и чекаме мислење :-)
Одиме напред заедно со Вас!
Golem pozdrav do site :)
Голем поздрав и до тебе.
Поздрав и се најдобро
ти благодариме што одвои време да ни ги пишеш твоите впечатоци.
Се надеваме дека ќе се дружиме и понатаму на моирецепти.мк
А видеото ми е слика за вас. Весели, непосредни, креативни... Одлично сработено!
Уште нешто... Приметив дека тортата е за 6 лица. Во право е Филип... Гладни сте родени, уште ве држи :D
Поздрав ;)
А како да не сме гладни покрај волку убава храна овде секој ден :)
Ти благодариме и поздрав.
Videoto prekrasno,tortata isto taka .Cestitki za podnovata na kujnata,sajtot a i dobredojde za noviot gotvac.Ubavata druzba neka prodolzi :)
Се надеваме дека ќе се дружиме и понатаму...
Тортата извонредна и интересна исто како вас.Новиот лик на страницата е одличен.Поздрав до тимот.! :)
Поздрав и до тебе.
Се најубаво и многу родендени да славиме заедно.
Доцнам , ама не заборавам
Морам да признаам дека сум пријатно изненадена од новините,иако во прво време ми беше чудна целата таа промена.
Рецептот и шефовите се закон,навистина уживав во секоја секунда од видеото,а претпоставувам дека и на снимањето ви беше “лудо и незаборавно“ :)
Среќен роденден и Ви посакувам уште многу успеси,рецепти,забава,дружење.....
Поздрав
И да, ни беше дури и повеќе од Лудо и незаборавно :)))
сирото, како да му објаснам дека умирам од смеење :) :) :) :)
фичо БИ СИ ГО ИСПИЛ ПИВОТО бе :) :) :) :)
тортата МИРИСАЛА НА КОМПИРИ :) :) :) :)
како ја слапаа тортата овие двајца...почувствував мала омраза :) :) :) :)
заклетвата КРАЈ!
уште со тавата срце,мајко мила. колку ли сте се смееле вие во студио кога сте снимале? :) :) :) :)
МоиРецепти!
СРЕЌЕН ВИ РОДЕНДЕН. ќе си честите кој кога може, не мора на точниот ден де :) :) :) :)
новото студио ви е супер, новиот фичо супер, се' е супер.
чекаме да не' приберете на средба кога ќе можете :)
ви благодарам што постоите. вие и моите другарки што готват го направивте мојот дом, вистински дом, онаков како од рекламите, со убави јадења на маса :)
Во студио/кујна, беше исто така тресење од смеење. И да, некои работи не можат да се предвидат, како на пример дека ќе мириса на компири :))))
Ти благодариме, се надеваме дека наскоро ќе се видиме, и верувај, дека и вие со вашите рецепти ги разубавевте нашите домови <3
со девојка му му направивме изненадување :)
значи, оваа торта од сега па натака ЗА МЕНЕ Е ТОРТА, се' друго се видови на торта. не за друго, туму ми е лесна и брза за правење, сочно тесто, супер шмекав фил....
тестото - супер. ем вкусно, ем сочно, ем лесно и со едноставни состојки што најчесто ги имам по дома. не ми треба три години организација.
фил - стопи прелиј, полесно амин
е сега. ми беше малку дебело тестото, па го порелив на две. добив четири кори. ќе беше супер да знаев да сечам и да не направев салата :) :) :) :)
инаку, следен пат ја правам вака:
или пола доза за тесто, само две потенки корички да бидат и целиот фил според рецепт
или тестото според рецепт, а дупла доза фил.
кремот е феноменален, сакам да го има повеќе ;)
за ова зборед со пресеците....потапшај ме по рамо и кажи ми дека се ќе биде во ред :) :) :) :)