Мојата роденденска торта
1. Го подготвуваме пудингот. Во тенџере на оган ставаме 500 мл млеко да се загрее а во меѓувреме во посебен сад двете кесички со пудинг плус 6 лажици шеќер и неколку лажици од млекото ги мешаме со жица за матење додека шеќерот не се растопи. Пред да почне да врие млекото ги ставаме пудинзите и мешаме со жицата додека не се згусни.
2. Го тргаме тенџерето од на рингла и во пудингот го ставаме претходно изренданото бело чоколадо и мешаме тоа одма ке се стопи.
3. Го претураме пудингот во друг сад и одгоре го покриваме со најлонска фолија за да не фати кора пудингот. Го оставаме да се олади неколку часа во фрижидер или пак јас го оставив повеќе од 12 часа во шпајз.
4. Пандишпан
Најпрво со миксер ги биеме белките.
Во друг сад ги биеме со миксер жолчките, 12 лажици шеќер и две лажици вода.
Откако ќе ги избиеме добро во садот ги додаваме изматените белки и продолжуваме да биеме со миксерот.
5. Откако смесата ќе се соедини додаваме пола пециво, 10 рамни лажици брашни и 11 рамни лажици нишесте и мешаме со лажица.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени . Откако ќе се испече го оставаме да се олади.
7. Хоплата ја биеме со миксер убаво да се стврдни.
Во друг сад го биеме со миксер оладениот пудинг и ја додаваме хоплата и се заедно се бие со миксер да се добие хомогена смеса.
Смесата ја делиме во три сада. Во првиот ги додаваме ситно сечканите јагоди (неколку јагоди оставив за декорација), во вториот ситно сечканата банана, а третиот е за да се премачка целата торта.
8. Пандишпанот го сечиме на три ленти по должина.
9. Ред пандишпан, па првиот фил, ред пандишпан, па вториот фил и завршуваме со третата лента пандишпан и со останатиот дел од хоплата ја премачкуваме целата торта.
10. Декорираме со јагоди и рендано чоколадо
СОВЕТ Јас претходниот ден го направив пудингот и го оставив да се лади, наредниот ден од сабајле го направив пандишпанот а целата торта ја филував во 5 попладне. чекав се да се олади добро затоа што претходно ја имам правено тортава и ми се распадна .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
прво нема свеќички, ако не дуваш свеќички за роденден, не ти било роденден :) :) :) :)
второ, ако нема исечено парче, на што ќе се лигавиме ние? :) :) :) :)
среќен роденден набрзо мажено :)
фала за честитките позззз... :)
se nadevam ti pomognav pozzzz
napisi vo pandispanjot i 2 lazici voda za da nema zabuna...cekame parce tooortaaaaaaaa
napisi vo pandispanjot i 2 lazici voda za da nema zabuna...cekame parce tooortaaaaaaaa :)