Мојата роденденска торта
Пандишпан
Јајца ги делиме на белки и жолчки. Белките ги матиме со шеќер додека да станат цвтст снег. Ги матиме и жолчките, ги додаваме во белките, ставаме брашно, какао и мелени ораси. Промешуваме полека и ставиме во калап да се пече. Јас имав форма срце. Се пече на 200 степени. Во зависност од формата ќе проверувате кога е печено.
Безе
Белките се матат со шеќерот пенасто и при крајот се додава сокот од лимон и се мати уште малку. Се пече на 180 С околу 10 мин. па се намалува температурата на 150 С и се пече уште 30 мин, па на 100 С уште околу 15 мин.
За прв фил
Пудинг од ванила и бурбон сварете го со 500мл млеко со малку шеќер. Оставете да се олади.
Маргаринот изматете го со шеќер во прав, додајте изладениот пудинг се убаво измешајте.
Урмите иссечете ги на коцки и додајде ги во фил. Ставете суво грозје и сецкани ораси.
За втор фил
Истата постапка со вториот пудинг од нугат.
Пандишпанот исечете го на пола.
Филуваме прво со прв фил, безе и со втор фил. Покријте со другата половина од пандишпан. Украсете по желба. Јас украсив со шлаг и имав една мала помошничка која многу сака да помага.
Оваа торта беше за мојот роденден
Лиценца: Сите права се задржани