
Роденденска торта
Се двојат белките и се бијат со шеќерот кога се избиени убаво во цврст снег се додаваат оревите,брашното и пецивото.Се пече во плехот од шпоретот обложем со хартија .
Жолчките се бијат со прав шеќерот и се варат на пареа додека се згусне потоа се трга од оган и се крси чоколадата за да се стопи додека е врел филот.Пудингот се прави со млекото .Во пудингот може да ставите и шеќер ако сакате поблага торта.Маргаринот се мати да стане пенаст и се дели на два дела. Изладените жолчки и пудинг се месаат со маргаринот посебно.Пандишпанот се сече на два дела .Се става пандишпан жолт фил, пандиспан црн фил.Хоплата се бие убаво и се премачкува цела торта,а оддозгора се става малку повеќе и се израмнува убаво за да може сликата да се стави.Со преостанатата хопла се декорира тортата од страните
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови