Роденденска торта
1. Се прават две пандишпана секој со- 5 белки, 150 гр. мелени ореви, 150 гр. шеќер, 50 гр. топено чоколадо, 3 лаж. брашно и пола прашок за пециво.
2. Се прави еден пандишпан од-5 белки, 150 гр. шеќер, 150 гр. кокос, 2 лаж. брашно, пола прашок за пециво.
3. За филот - со жица за матење се матат 15 жолчки со 1 пудинг и се става малку од млекото за да смесата не биде многу густа. Па потоа се става млекото со шеќерот да зовријат па во него се додава претходно подготвената смеса. Се меша додека не згусне, и се трга од оган. Одкако ќе се олади се става лажица по лажица во пенесто изматен маргарин и на крај се додава кокос.
4. За филување се зема еден пандишпан со ореви па фил, па се става црниот пандишпан па фил.Тоа е првиот спрат од тортата.
5. Отанатиот пандишпан се сече на четири дела и тој се филува ред пандишпан ред фил, и тоа ќе биде вториот спрат на тортата.
6. Тортата е декорирана со фондан смеса.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови