Роденденска торта со јагоди
инаку ова е роденденската торта што ја правев за внука ми.
За кората се матат белките со шекерот цврсто, па се додаваат останатите состојки, се става смесата во плех и се пече на 200 околу 20 минути. Се печат 2 вакви кори. За првиот фил се става 800 мл млеко на оган со шекерот, во останатите 200 мл се додаваат жолчките и пудинзите, се меша со рачна маталка, па се додава во млекото што врие и се вари крем.
Се трга од оган и се дели на 2 дела во едниот се додаваат чоколадите. Се оставаат двата дела да се оладат, им се додава по 200 гр претходно изматен маргарин, а на жолтиот фил се додаваат исецкани крем бананки.
За вториот фил се стават на оган шеќерот и водата да зовријат, се додаваат јагодите и се вари да омекнат, на крај се додаваат пудингот од јагода и желатинот растворени со 15 лаж вода се остава да згусне и се лади.
Испечените кори се премачкуваат со еурокрем и се прекриват со бисквити. Одкога ќе се оладат сите филови се филува тортата -кора-филовите се редат по желба измегу се реди еден ред кроасани пресечени на пола по должина (наместо кора ), на крај завршуваме со кора од белки и целата торта се премачкува со тенок слој чоколаден фил. Бидејки беше со повод јас ја украсив со фондан маса и ја декорирав по желба на славеничката се разбира.
Лиценца: Сите права се задржани