Видео рецепт: Роденденска торта

Состојки
- За ПАНДИШПАНОТ ќе ви треба:
 - 410 милилитри темно пиво
 - 170 милилитри силно црно кафе
 - 150 грама путер
 - 180 грама какао во прав
 - 480 грама брашно
 - 480 грама шеќер
 - 1 супена лажица прашок за печиво
 - 1/2 лажичка сол
 - 4 големи јајца
 - 345 грама кисела павлака
 - За ПРЕЛИВОТ ќе ви треба:
 - 450 милилитри слатка павлака
 - 1 супена лажица шампањ
 - 150 грама темно чоколадо
 
Време е за славење, а со оваа торта можеме да славиме со стил – богата сочна торта од темно пиво и кафе, прелиена со чоколаден крем со малку шампањ. Како ви звучи?
Подготовка
Чекор 1: Започнуваме со топење на путерот заедно со темното пиво и кафето. Можете да се обидете и со инстант кафе, но, за подобар вкус, ние ви препорачуваме еспресо.
Чекор 2: Загрејте ја рерната на 160 степени и во длабок сад измешајте ги сувите состојки - брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.
Во друг сад со миксер изматете ги јајцата, ванилата и павлаката и потоа се измешајте со смесата од кафе и пиво и онаа од суви состојки, додека да добиете хомогена смеса.
На крај мешајќи додадете го и какаото и ќе забележите како се создава чоколаден сјај низ целата смеса.
Чекор 3: Двете округли Делимано силиконски тави ги премачкуваме со масло и потоа ги полниме до околу 70% од нивниот капацитет. Ги печеме 30 минути или додека пандишпанот не се испече убаво и не почне да се одвојува од страните.
Чекор 4: За подготовка на преливот, павлаката ја загреваме и потоа ги додаваме парчињата чоколадо и малку шампањ. Мешаме додека да добиеме рамномерна смеса и потоа матиме со миксер, за во преливот да влезе малку воздух пред да го ставиме во фрижидер најмалку 1 час да се згусне. Потоа можете да го ставите врз тортата.
Чекор 5: Извадете ги пандишпаните од рерна и оставете ги да се оладат за преливот да не се стопи кога ќе го нанесувате. Оној пандишпан кој е порамен ставете го одоздола, врз него нанесете од филот па потоа преклопете со вториот пандишпан. На крај целата торта убаво премачкајте ја со преливот одозгора и од страните. Не брзајте, ова е клучно за убавиот изглед на вашата торта.
Чекор 6: На крај за декорација, земете многу остар нож и со него поминете врз ладното темно чоколадо за да направите тенки ленти.
СОВЕТ: Оваа торта има многу специфичен вкус, но е многу богата и вреди да ја подготвите за некоја специјална пригода – бројот на состојки е поголем, па затоа внимавајте да не пропуштите некоја!