1. Јајцата ги биеме заедно со шеќерот. Во смесата ги додаваме и останатите состојки за тестото. Мешаме со дрвена лажица. Смесата ја ставаме во караванче бр. 28 и печиме 20 минути на 180 степени. Ја оставаме да се излади
2. Прелив – млекото го ставаме во сад на тивок оган. Во него ги додаваме карамелите и шеќерот. Ги оставаме на тивок оган додека не се растопат. Откако ќе се растопат ја зголемуваме температурата на огнот, за кратко да зоврие смесата. Го преливаме тестото.
3. Чоколадото го топиме заедно со маслото. Глазурата ја ставаме врз тортата. Сечиме на коцки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани