Посни сочни коцки
Јаболката излупете ги и исечете ги на коцки. Исцедете го сокот од лимонот и портокалот.
Ставете се во поголемо тенџере, додајте 300 мл вода и варете некои 10на минути, односно додека се сварат јаболката.
Тргнете од оган и испасирајте ја содржината. Додајте ја и преостанатата вода, ванилиниот шеќер и шеќерот и вратете го тенџерето пак на рингла.
Пред да проврие, додадете го гризот и енергично мешајте. Варете мешајќи додека убаво згусти.
Во тава наредете ги бисквитите и врз нив истурете ја содржината од тенџерето.
Оставете да се лади неколку часа, па исечете на коцки и уживајте во вкусот.
*користете чаша од 190-200 мл (зависно колку ќе дозволите да испари водата додека се варат јаболката)
Лиценца: Сите права се задржани
Во врска со бисквитите, баш мислев да напоменам, ама препишивајќи го рецептот ете, изумив. По мое би било уште подобро ако ги нема и така ги препорачувам повеќе ;)
Одлични се, ќе испробувам и јас нешто слично викендов па ќе видиме како ќе испадне :)
и да,и нема спас!јас веќе подготвив десерт за викендов,ќе имате и рецепт наскоро,а овој од Клара може да го направам во текот на неделата бидејќи е без масло.
Алекса, следниот пат и јас така би. Едноставно овде бисквитите „сметаа“.
Дани-рибизли од фрижидер (смрзнати-заборавени, па случајно најдени) ;)