Сочни ледени коцки
1. Кора
Најпрво се прави кората. Се матат јајцата со шеќерот да се добие пенеста смеса. Потоа се додава брашното претходно измешано со какаото. Се мешаат состојките и се печи во загреана релна на 180С/20мин. Се лади и се прелива со топол прелив.
2. Прелив
Се зовриваат шеќерот и водата и се прелива оладената кора. Се остава да се впие и да олади.
3. Фил
Се вари млекото со шеќерот се додава нишестето со малку измешано млеко и се вари како пудинг. Се лади. Настрана се мати маргарин со шеќер во прав и се меша со оладената смеса од нишестето. Се добива убав бел крем. Се филува колачот со белиот крем и се полива со чоколадна глазура.
4. Глазура
Се топи чоколадата, млекото и маргаринот на пареа да се добие хомогена смеса. Се прелива врз колачот и се остава да се олади во фрижидер. На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани