Сочни чоколадни коцки (без јајца)
Со овој сочен чоколаден колач им го честитам 8 март на сите жени.
Во вангличка се соединуваат сите состојки за тестото.
Се налеваат јогуртот, млекото, маслото и постепено се додаваат сите суви состојки.
Се промешува една минута со миксер колку да се соединат.
Се истура смесата во мала ростер тава и се печи околу 20 минути на 190 степени.
Се проверува со чепкалка дали е готово.
За тоа време го приготвуваме кремот.
Во касерола се налеваат млекото, шеќерот и пудингот.
Се промешуваат убаво да се изедначат, па се ставаат на оган, на тивко и се вари до згуснување.
Се трга на страна, се додава чоколадото да се истопи, се лади со повремено мешање.
Сега во сад се налива млекото и се додава шлагот.
Се мати до згуснување.
На скоро изладениот пудинг му се додава изматениот шлаг и убаво се соединува со миксер.
Овој крем се нанесува на подизладеното испечено тесто.
Се посипува со чоколадни трошки.
Нека се стегни 1-2 часа и се сервира.
Лиценца: Сите права се задржани
Патем колачево ти е супер.