Долго време експериментирав со најразлични рецепти за чоколадни мафини кои ќе бидат сочни и ќе се топат во уста. После многу грешки и утки, мислам дека конечно го најдов идеалниот рецепт (со мала помош од Најџела Лосон).

1. Чоколадото се сечка на покрупни парчиња.

2. Во длабок сад убаво се мешаат сувите состојки.

3. Посебно се матат течните состојки.

4. Добиената смеса се додава во садот со сувите состојки и се меша колку да нема грутки.

5. Се полнат хартиени корпици во калап за мафини, се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Важно е сувите состојки убаво да се измешаат, особено парчињата чоколадо. Во текот на мешањето ќе бидат покриени со брашно што ќе спречи да потонат на дното на калапите, а со тоа и полесно ќе се одвојуваат од хартиените корпи.
Мафините пред печењето може да се посипаат со парчиња чоколадо, тоа само придонесува за нивниот богат вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови