Чоколадна-овошна фантазија
Тортава ја посветувам на моите драги пријателки и членки на МоиРецепти,сите обожаватели на добро подготвена храна и сите посетители на оваа страна заедно со тимот кој ни ја реализира оваа гурманска дружба.Ова е мојот двестоти рецепт кој го подготвив со голема љубов,сакам со неа да ви кажам едно големо благодарам.Дружбата со сите вас продолжува со истата стремеж за поквалитетно подготвена храна воедно добро презентирана и фотографирана.Тортава ја подготвив за овој мој мал јубилеј и слатко се насладивме со моите најблиски се надевам дека некои и ќе ја пофалат овде (поздрав сестро).
Тортата е лесна,ваздушеста и не многу блага.Тестата се меки и влажни прекриени со киселкаст вкус на вишните засладени со убавиот мирис на ванила кремот.
1.Сувите состојки просејте ги.
Во посебен сад измиксирајте ги јајцата,шеќерот,путерот на собна температура и млекото.На смесата најизменично додавајте ги сувите состојки и врелата вода мешајте со најмалата брзина на миксерот додека состојките не се соединат.
2.Смесата ја делиме на три еднакви делови,секоја посебно ја печеме во тавче бр.24 обложено на дното со хартија и печеме во загреана рерна на 180степени околу 20 мин.Проверете дали е печена на стариот добар начин со чечкалица.
3.Тестата доколку при печењето се подигнат на средина исечете го тој дел да бидат сите еднакви.Можете доколку ви иде од рака прецизното сечење може да го печете целото тесто одеднаш.
Вишнов фил.
1.Смрзнатите вишни ставете ги во посебен сад заедно со шеќерот да се одмрзнат.Со процесот на одмрзнување ќе пуштат сок(околу 700мл).
Откако ќе се одмрзнат прфрлете ги во касерола и загревајте да зовријат.
2.Густинот разматете го со 6-7 лажици ладна вода и постепено додавајте го во зовриените вишни додека не добиете густ крем.
3.Во топлиот фил додадете го путерот и миксирајте додека целата смеса не се соедини.Тогаш филот добива кремаста структура и повеќе не е како класичниот овошен фил.
Ванила крем.
1.Во касерола сипете го млекото,додадете ја ванилата и шеќерот загревајте.
Пудингот разматете го во ладно млеко и полека додавајте во врелото млеко додека не добиете убав густ крем.Оладете го...
2.Во добро изладениот крем додадете го путерот исечен на коцки и изматете со миксер.Во посебен сад измиксирајте ја слатката павлака па додадете ја во кремот,измиксирајте.
Филување.
-Тесто,пола смеса од вишновиот крем,1/3од кремот со ванила,тесто,втората половина од вишновиот крем,ванила крем,тесто,ванила крем.
Украсувате по желба јас ја декорирав со ганаш фил и дел од двата фила.
Ганаш крема
Слатката павлака и кршеното чоколадо го топиме на умерена температура додека не се соедини.Оставаме да се подизлади и филуваме.
Забелешка.
Тортата е прилично висока јас ве советувам дека може да ја печете и во тавче бр.26.
Тестото е преубаво може да си го искористите и за некоја слична торта многу е сличен на браунисот,врелата вода заменета ја со топло црно кафе.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Тортата беше фантастична, ова кажувам дека ја пробав! Преубав вкус, многу мазен и освежувачки крем, декорацијата многу ми и се допадна и мислам дека оваа торта го заслужува тоа да го носи името и бројката со гордост:):):)
Честитам уште еднаш!
Tortata preubava, eh da bev poblisku...mmm.. :-)
Koga ke dojdam Kumanovo, te baram... ;-)
Tortickava za 10-ka, ubajna:) Pozzz
Конечно добив интернет и веднаш да се јавам,одма си почувам со самокритика незнам како сум пропуштила да напишам дека во рецептот пишуваше дека ќе има течност после одмрзнување околу 700мл.НЕМАШЕ јас си доставив вода можеби ќе има повеќе течност доколку се работи на пример за јагоди.
Пишувањето не ми оди многу од рака се трудам секогаш да напишам колку можам по коректно ама не секогаш ми тргнува од рака:)
Сите даваме секојдневно со своите рецепти во збогатување на оваа страна затоа и сакав да се заблагодарам до сите:)))
Преубаво е чуството кога ќе добиеш вакви коментари и честитки од домаќинки(мајстори во кујна) како што сте сите вие,многу научив и уште учам од сите вас:)))))
Убавите рецепти,убавата дружба,советите и стекнатото пријателство со сите вас ме прави многу по богата а за мене тоа е најважното:)
Ти посакувам многу здравје и успех во животот:)
овој твој 200. рецепт ги буди сите сетила, и е вистински пример за твојот белег на моирецепти.мк
Не само што со секој нареден рецепт ни прикажуваше подобри и подобри рецепти, туку и твојата упорност за усовршување на презентацијата и фотографиите доведоа до совршенство.
Уживаме во секој твој нареден рецепт, ти благодариме и ти подаруваме Делимано Делициа Ростер тава.
Воедно, овој рецепт е Рецепт на денот за 23.01.2015 и учествува во изборот за Рецепт на месецот Јануари 2015. Честитки!
Со нетрпение ќе ја очекуваме следната стотка :)
Тимот на МоиРецепти
Дружбата продолжува,се надевам дека сите нас ќе не држи мотивацијата за поквалитетна подготовка и презентација,секако тоа јас барем го чуствувам како одговорност за секој добиен лајк.Ви благодарам за наградата која дефинитивно ќе најде место во подготовка на секојдневните мои гурмански лудори:)
Ви благодарам уште еднаш за убавите зборови!!!
Честитки! :)