Чоколадна фантазија со прелив од вишни
Путерот, 100 гр од шеќерот во прав, ванилиниот шеќер изматете ги со миксер и постепено додавајте ги 4те жолчки една по една и матете додека не добиете мазна смеса.
Во одделен сад исмешајте ги брашното, прашокот за пециво и какаото. Потоа постепено додавајте ги во изматената смеса заедно со јогуртот и матете за да се изедначи смесата. Во друг сад изматете цврст снег од белките со остатокот од шеќерот во прав. Потоа измешајте ги овие две смеси.
Ставете ја во обложен кружен сад и оставете да се пече во претходно загрена рерна на 180 степени. Печеното тесто извадете го од садот и превртете го. Оставете да се олади, а потоа врз него премачкајте го мармаладот со исчистените замрзнати и исцедени вишни. Растопете го путерот со чоколадото и прелијте врз вишните од чоколадото. На краевите нарендајте од белото чоколадо додека е глазурата уште топла. Оставете го колачот да се олади околу 2 часа и исечете го на триаголници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови