Совршен спој на чоколадо и вишни кои прават да уживате во секое залаче.
ПОДГОТОВКА
Најпрво се топи чоколадото со путерот и се остава да олади. На страна се бијат јајцата со шеќерот и ванилата. Постепено се додава брашното, пецивото и нишестето матејќи со шпатула. На крајот во смесата се додава изладената чоколада. Се става во калап со обрач бр. 26. Се печи 180 С – 20 минути. Кога ќе се олади тестото се сечи на две кори.
Фил од вишни
Вишните со 100 мл. вода се блендираат, се додаваат 4 лажици шеќер и се варат 5 минути. Настрана во 100 мл. вода се додаваат 4 лажици нишесте, се меша и се додава во зовриените вишни. Се вари како пудинг. Додека е топло се премачкуваат двете претходно испечени кори.
Фил од чоколада
250 мл.слатка павлака се мати со миксер и се додава 100 гр. црно чоколадо. Истото се прави и со другите 250 мл. слатка павлака со додавање на бела чоколада.
Крем
400 гр. слатка павлака (не се мати), 200 гр. чоколада и 125 гр. путер се варат на тивко. (да не проврие). Потоа се лади. Најдобро е 5 часа да се лади. Потоа со миксер се мати кремот.
Декорација (ограда)
Чоколадата се топи на пареа со маслото. На мрсна хартија се прават шарки за оградата и се остава 2-3 минути да олади и потоа се лепи на тортата.
Начин
Најпрво се става првото тесто, црниот крем, белиот крем, па второто тесто само вишните да бидат на долниот дел. Значи кората одозгора да е тесто. Ова се става во округол калап со обрач. Врз него се става кремот со слатка павлака и чоколада. На крајот се лепи оградата и се декорира по желба.
На здравје!
Совршен спој на чоколадо и вишни кои прават да уживате во секое залаче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани